Академија Пандев ја загуби првата контролка во Банско

Новиот прволигаш Академија Пандев интензивно се подготвува за Првата лига, најважна сезона бидејќи за прв пат се натпреваруваат во најсилната македонска фудбалска лига.

Во фудбалскиот клуб Академија Пандев владее оптимизам пред почетокот на новата сезона за која очекуваат да опстанат, а по неколку сезони и да излезат на европската сцена.

Trening AP -3

Пандевци го одиграа првиот пријателски натпревар во склоп на пред-сезоната, а во првиот натпревар за жал беа поразени од бугарската екипа Царско Село со резултат од 2:1.

Единствениот стрелец за клубот од Струмица беше Филип Михаилов.

Академија Пандев настапи со следниот состав: Истатов, Вареловски, Петриќ, Димов, Атанасоски, Иванов, Атанасов, Бреди, Пандев, Дориев, Балдовалиев, во второ полувреме во игра влегоа уште и Вујанац, Марков, Маневски, Чешмеџиев, Темелков, Бензузи, Томовски, Ефремов, Роден, Михаилов, Стоилов и Денковски.

Comments are closed.

maski1