Костадинов одржа работна средба со претставници на повеќе институции за реконструкција на стадионот „Младост“

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов, денеска во својот кабинет, одржа работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претставници на Фудбалската федерација на Македонија, ЕВН, Секторот за внатрешни работи – Струмица, Секторот за урбанизам и комунални дејности на општина Струмица и концесионерот на стадионот „Младост“, а на кој се разговараше за реконструкција, односно, изградба на нови трибини и дополнително осветлување. 1 (5)
На средбата се разговараше и за подготвителните активности за натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Албанија кој што ќе се одржи на петти септември годинава на стадионот „Младост“ во Струмица.20032067_1352276798159080_4547563003471797137_n

Comments are closed.

maski1