5 најдобри летни намирници

Кога станува збор за исхраната, летото е едно од најдобрите годишни времиња, затоа што, на нашата маса, тогаш може да се најде свежа храна за многу поволни цени. Еве ги петте летни намирници.

67278233151cad7256dc1a280020002_v4 big

Боровинки

Може и не е најдобар извор на витамини, боровинките имаат свој таен адут – флавоноиди. Тој е главен виновник за сината боја на боровниките, а и за нашиот организам ќе бидат од голема корист.

Поради високата содржина на флавоноидите, боровинките се одлични во лечење на оштетената функција на капиларите и вените. Многу студии покажале дека флавоноидите имаат антитромботични својства, и поради тоа боровинките може да делуваат како антиоксиданси.

Покрај тоа, боровинките се покажале како најдобар сојузник во спречувањето на развојот на клетките на ракот, како и заштитена од инфекции на уринарниот тракт. И сето тоа со многу малку калории во него.

Риба и морски плодови

За многумина, првата асоцијација за летото е морето, а кога е во прашање исхраната тогаш се морската храна. За нас многу позната е пастрамката, ослиќ и крапот, но кога буџетот дозволува, почастете се со лосос или туна, а можете да размислувате, од време на време во вашето мени да воведете и морска храна.

Кога станува збор за начинот за подготовка на риба, обидете се секогаш наместо скара, да одберете вкусна маринада.

Домати

Уште една нискокалорична, витаминска бомба. Витамин Ц, бета каротен, калиум… Сето ова е во големи количини во доматите и со високо ниво на ликопен. Покрај тоа, доматите исто така имаат и антиоксидантски ефект.

Без разлика дали се како ги консумирате, дали како сос, или како сок, овој рајски плод секако ќе ви биде корисен.

Сепак, додека трае летото потрудете се да јадете свежи домати, а имајте на ум дека доматот има само 25 калории.

Диња

Сочно и вкусно парче диња ќе биде повеќе од добра замена за чаша сок од исцеден портокал.

Дел од дињата има само 57 калории, но тука е сместено се што ви е потребно за да ги преживеете жешките летни денови.

Во овој случај, посебно внимание треба да се сврти кон луѓето со високо ниво на шеќер во крвта затоа што дињата обично не е храна што им се препорачува.

Вода

Иако не е намирник во вистинска смисла, водата е вашиот најдобар сојузник во борбата за здраво и убаво лето. Без разлика дали станува збор за хидратација, поубава кожа, диуретички ефект, зголемена енергија, губењето на тежината или едноставно освежување, чашата вода е тука за вас.

Со чаша вода исто така можете да консумирате парче лимон или портокал, што ќе довете до значително повеќе витамини.

Ако сте меѓу оние кои често како изговор велат дека заборавиле да пијат вода, можете со себе да носите шише вода и секој пат кога ќе ја отворите вашата торба, таа ќе ве потсети дека треба да се освежите.

Comments are closed.

maski1