10 најздрави намирници во светот

Дали сте знаеле дека во вашиот дом се крие најздрава храна на светот ? Одличната храна се состои од одлични состојки. Време е да ве запознаеме со најздравата храна.

19179124852c97110b992d947502604_v4 big

1. Печурки

Овој вкусен намирник кој е нискокалоричен може да биде одлична замена за црвеното месо. Печурките го регулираат нивото на естроген кај жените и штитат од рак на дојка.

2. Јачмен

Житариците богати со растителни влакна се вистински борец против високиот холестерол и е многу корисен за варењето на храната.

3. Ореви

Неверојатно храна богата со омега 3 масни киселини, кои го намалуват лошиот холестерол и истиот добро го регулира.

4. Интегрални тестенини

Најздрава форма на тестенини, која содржи три пати повеќе влакна од било кој друг. Житариците од цело зрно се многу здрави за вашиот организам и варењето на храната.

5. Путер од кикирики или бадеми

Овој намерник е богат со протеини содржи мононезаситени (олеинска) масни киселини, кои се многу добри за срцето. Путерот исто така можете сами да го правате за себе си.

6. Квиноја

Квинојата не спаѓа во житарицити туку семе од билка која е сродна со спанаќот. Богата е со протеини, амино киселини, фосфор, влакна, магнезиум, железо и го снабдува телото со енергија.

7. Обезмастено млеко

Обезмастеното млеко содржи девет есенцијални хранливи материи, вклучувајќи и калциум, витамин Б што е добар за невролошките функции, витамин Д, кој е борец против рак.

8. Боровинки

Ова супер овошје е богато со растителни влакна, одличен антиоксиданс и е многу корисно за зајакнување на крвните садови. Боровинките се одличен извор на витамин Ц, биофлавоноиди, фолна киселина, калиум, калциум и железо.

9. Булгур

Булгурот е половина варена, сушена и мелена пченица богата со железо, фосфор, цинк, манган, селен, магнезиум, калиум и витамин Б. Корисен е за дигестивниот систем и помага при запек, стрес, рак на дебелото црево, срцеви заболувања и рак.

10. Леќа

Леќата не содржи заситени масти, ниту штетен холестерол, а е одличен извор на растворливи и нерастворливи влакна. Леќата е одлична за добивање на енергија поради високата концентрација на витамин Б и големи колечини на јаглехидрати.

Comments are closed.

maski1