Медитеранската исхрана го чува срцето подобро од вежбањето

Медитеранската исхрана е повеќе од корист за здраво срце од вежбањето, покажува најновото истражување.

Медитеранската исхрана вклучува консумирање на свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, ореви, мешункасти плодови, риба, маслиново масло и понекогаш чаша црно вино, а најновите истражува покажуваат дека е многу ефикасна оваа исрахна во спречувањето на срцеви заболувања.

141535747254f8727fde27a360602753_v4 big

Во истражувањето на универзитетот Харокопио во Атина учествување 2 500 возрасни лица на возраст помеѓу 18 и 89 години. Сите учесници добиле за задача да внимателно ги запишуваат намирниците кои ги внесуваат во текот на денот, а оние чија исхрана е најблиску до медитеранската исхрана после 10 години постигнале најдобри резултати.

Кај испитаниците кои се прилагодиле на ваков вид на исхрана, процентот на веројатноста за појава на кардиоваскуларни болести во текот на 10 годишниот период се намалил за дури 47 отсто, што е значително повисок процент од онаа што се постигнување со вежбање.

Наведената разлика се манифестира во иста мера независно од другите фактори на ризик, како што се возраста, полот, семејната историја, нивото на образованието, индексот на телесната маса, пушењето, како и одредени медицински состојби, како што се високиот крвен притисок, дијабетес и висок холестерол во крвта.

Претходни истражувања покажаа дека традиционаланта медитеранска исхрана позитивно влијае на губењето на тежината, намалувањето на ризикот од дијабетес, го намалува крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол во крвта.

Comments are closed.

maski1