Академија Пандев во Прва лига ќе игра со следниве клубови

Фудбалскиот клуб Академија Пандев за прв пат откако е формиран ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига.

Сезоната Пандевци ја завршија на првото место во Втората лига со што директно се пласираа во Првата лига. Покрај нив директно исто така се пласираше и фудбалскиот клуб Скопје, кој сезоната ја заврши на втората позиција во Втората лига.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Третопласираниот клуб од Втората лига, Новаци преку бараж имаше можност за влез во Првата лига, но откако катастрофално загуби од седмопласираниот прволигаш Шкупи со 4:1 и 1:3, останува во Втората лига.

Покрај Академија Пандев и Скопје кој доаѓаат од Втората во Првата лига, во Првата лига оваа сезона ќе се натпреваруваат Шкупи кој избори опстанок преку бараж со Новаци, Победа од Прилеп која сезоната ја заврши на седмата позиција, кратовски Силекс, Ренова, Пелистер од Битола, Работнички, Шкендија и шампионот Вардар.

Првата лига ја напуштаат десеттопласираната Македонија ЃП и деветтопласираната Брегалница од Штип.

Првата лига, од оваа сезона ќе биде од 10 екипи, како и актуелниот натпреварувачки систем, со тоа што ќе има сега четири циклуси и 36 првенствени натпревари за секоја екипа.

Comments are closed.

maski1