Јовановски е новиот кондициски тренер во ФК Академија Пандев

Првиот тим на новиот прволигаш Академија Пандев заминува на подготовки во Банско со нов кодициски тренер. Станува збор за Иван Јовановски кој работи со националната А селекција под водство на селекторот Игор Алексовски.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Подготовките на првиот тим ќе траат две недели, а Јовановски ќе има удел во работата на првата постава на тимот, ќе работи со помладите тиомви на Академијата и ќе го пренесе своето искуство на надешните таленти во помладите тимови.

Јовановски има богато искуство во повеќе интернационални и домашни тимови. Има работено во Генчлербирлиги Анкара во Супер лигата во Турција и четири години во Интер Баку во Азербејџан. Исто има работено со најтрофејниот бугарски тим ЦСКА Софија и Лудогорец од Разград. Јовановски има работено и со голем број македонски тимови.

 

Comments are closed.

maski1