Нашол марихуана покрај пат, ја собрал и ја чувал кај роднина во вреќи

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против М.К.(34) од с.Василево за сторено кривично дело неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.mkd-316971

На 8 јули, велат од МВР, од страна на полициските службеници извршен е претрес во домот на роднина на пријавениот, каде се пронајдени три вреќи со непозната растителна материја, дигитална вага и слично.

Истиот ден извршен е разговор со пријавениот, кој појаснил дека  пронајдената растителна материја е марихуана која во октомври 2016 година ја пронашол на земјен пат од с.Тибичино кон с.Варварица.

Comments are closed.

maski1