Сите добри страни на чоколадото

Чоколадото го сакаат сите луѓе без разлика на возраста и од двата пола подеднакво. Но, она што не сте го знаеле за чоколадото е тоа дека, генерално ќе ви помогне, да ви се подобри здравјето. Но не шеќерни сурогати, туку вистинско, од какао.

Чоколадото, особено темното чоколадо, има позитивно влијание врз здравјето на вашето тело и ви помога да бидете без многу проблеми. Секако, ако не претерувате. Еве како чоколадата помага:

 

188901589452c825c473b64605914744_v4 big
1. Го намалува ризикот од мозочен удар

Истражувањето во Шведска покажа дека консумирањето 45 грама темно чоколадо на ден може да го намали ризокот од мозочен удар за 20%. Чоколадото содржи флавоноиди, кои, пак, содржи антиоксиданси кои се заслужни за намалување на овој ризик.

2. Ги подобрува менталните функции

Со истражувањето во Велика Британија беше откриено дека 90 минути по јадењето чоколадо менталните функции од испитаниците многу се подобриле.

3. Помага во градењето на мускулна маса

Универзитетот во Индијата спроведе истражување кое покажа дека чоколадото кај напорните вежбачи помага во намалување на болката и допринесува за подобра издржливост. За ова истражување било користено чоколадно млеко.

4. Искоренување на лошото расположение

По само две недели консумирање на 42 грама чоколадо дневно, стресот, кај испитаниците бил значително намален. Докажано е дека помага и за анксиозност.

5. Добар холестерол

По еден месец секојденвно консумирање на чоколадо, значително го подобрува односнот на добар и лош холестерол во крвта.

6. Слабеење

Ова може да ве изненади, но чоколадото помага во губењето на тежината. Темното чоколадо го забрзува метаболизмот и го прави вашето тело осетливо на инсулин. Се разбира, ако консумирате големи количини на чоколадо, вие ќе се поправите, но ограничени, контролирани количини имаат спротивен ефект.

7. Го продолува животниот век

Исто така најстарата личност на светот, Жан Калмент, која доживеа 122 години како една од причините за нејзината долговечност, рекла, дека е токму чоколадата. Таа изјавила дека неделно консумирала по 1,1 килограми чоколадо. Чоколадото го подобрува имунитетот, се помалку сте болни и голема е можноста дека ќе живеете подолго.

 

 

Comments are closed.

maski1