Академија Пандев со ново лого и нови дресови во Првата лига!

Академија Пандев откако во Втората лига заврши на првото место и успеа директно да се избори за влез во Првата македонска фудбалска лига, ги промовираше новите дресови и новото лого со кои ќе настапи во Првата лига од ова сезона.

Новите дресови се во комбинација со сино-бела боја, а спонзор ќе биде компанијата „Живова“.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Како што вели Горан Пандев клубот има одреден буџет кои не ја откри точната сума, но рече дека клубот има буџет да донесе неколку засилувања.

Од клубот истакнаа дека во иднина ќе стартуваат школи и во другите градови во Македонија, како во Гостивар, Тетово, Куманово, Илинден, Гази Баба.

Исто така ќе се започне и со одржување на „Пандев куп“ со учество на дури 144 екипи. Беше истакнато дека ќе се стартува и со „Камп на Горан Пандев“ кој се очекува да почне од следната година, од 2018 во Охрид и во Струмица.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Спортскиот центар на Академија Пандев лоциран во Струмица е во изградба и истиот ќе биде завршен во 2018 година.

Во склоп на овој центар покрај тоа што ќе ги има сите потребни услов за работа, покрај терените за тренинг, спа центарот и теретаната ќе има и фан-шоп кои што така се очекува да биде отворен во март следната година.

Клубот исто така ќе добие и брендиран автобус.

 

Comments are closed.

maski1