7 намирници кои го продолжуваат животот

Долговечноста не е само резултат на добрата генетика, всушност ние можеме да ги контролираме факторите кои влијаат на квалитетот и должината на годините кои ќе ги живееме и начинот на исхрана, физичките вежби и сонот.

Неодамнешните истражувата покажаа дека витаминот Д и калциумот влијаат за подолг животен век. Која друга исрахана или додатоци во исхраната може да влијае на нашата долговечност ?

12596390474fe992c6445fb654472897_v4 big

Брокулата штити од рак

Брокулата и другите зелени зеленчуци се полни со сулфорафан и други антиоксиданси кој ги штитат здрави клетките од оштетување кое се предизвикува од слободните радикали. Имајте на ум дека суровиот зеленчук е секогаш поздрав, затоа што готвењето ги намалува витамините.

интегрални житарки

Тие содржат изобилство на антиоксиданси, витамини и растителни влакна, кои го регулираат нивото на шеќерот во крвта и го намалуваат холестеролот и со тоа се намалуваат шансите за дијабетес. Овесот содржи уникатев вид на антиоксиданс кои дополнително влијае за нормализација на нивото на холестерол во крвта.

Бобинки

Ова овошје не само што го продолжува животот, но, исто така, влијае и на квалитетот на животот во подоцнежните години. Полни се со антиоксиданси, кои играат важна улога во зачувањато на функцијата на мозокот.

Црно чоколадо

Таа е полна со анти-воспалителни флавоноиди, кои го спречуваат згрутчувањето на крвта. Сепак, неговиот главен ефект – спречувањето на воспалението е од клучно значење, особено откако се дојде до заклучок дека воспалувањето е одговорно за стареењето и умирањето на клетките.

Домати

Тие се одличен изворн а ликопен, кој помага во борбата против ракот на простата, белите дробови и стомакот.

Цвекло

Цвеклото има голема улога во борбата против разни видови на воспаление и особено се препорачува за луѓе кои имаат или имале било каков вид на рак.

Ореви

Јаткастите плодови содржат линолова киселина која е еден вид на омега-3 масни киселини, кои, исто така, има влијае врз превенција и намалување на воспалените процеси во телото.

 

Comments are closed.

Capture