10 заповеди за отсранување на вишокот килограми

Само една работа е потребна за да ја намалите телесната тежина, а тоа е да согорувате повеќе калории отколку што внесувате.

Секако дека не ви откривме топла вода, но оваа старо правило понекогаш може да биде збунувачки, па стручнаците на оваа тема посочија неколку совети кои ќе ви помогнат за да ја достигнете вашата идеална тежината и да ја чувате на долг рок.

1615360146504cf0aa38094461753534_v4 big 1615360146504cf0aa38094461753534_v4 big

1. Јадете протеини со секој оброк
Една четвртина од вашите калории треба да биде од протеини (белковини), како што се јајца, посно месо, риба и млечни производи со ниска содржина на масти. Протеинот помага да ве држи подлго време да имате чувство на ситост и да ги врати вашите мускули по напорните вежби.

2. Доручекот да биде обилен

Ова е навистина најважниот оброк во денот: многумина кои ослабеле ќе ви кажат дека појадокот е клучен дел од нивната исхрана. Најдобар појадок е оној кој содржи протеини и влакна за да се подигне нивото на енергијата – на пример, со малку масти јогурт и овошје, леб и путер од тиква / соја / сончоглед / кикирики / сусам или пржени јајца со зелечук.

3. Намалете ги порциите

Ако се намали количината на храната што ја внесувате (користете мали чинии и чаши) ќе го намалите бројот на калории.

4. Зголелемете ја количината на овошје и зеленчук

Секое истражување покажува дека внесувањето на поголема количина на овошје е клучно за намалување на тежината. Овошјето е извор на влакна, витамини, минерали и други хранливи состојки важни за вашето здравје во целина.

Овошјето е исто така богато со растителни влакна и антиоксиданси и може да биде бора алтернатива за засладување.

Наместо во сендвичот да додадете уште едно парче пилешко, ставете лист зелена салата и парче домат.

5. Пијте вода

Често, кога мислите дека сте гладни вие сте всушност жедни, така бидете вие треба да се напиете вода. Пијте една чаша вода пред секој оброк, па ќе знаете дека не сте жедни додека јадете.

И да, водата се уште е најдобар избор на пијалоци. Можете да ги намалите вишикот на килограми и само ако, наместо на безалкохолни пијалоци и „100% природни сокови“ се напиете една чаша вода.

6. Наспијте се

Ако сакате да ја намалите килажата потребно е да спиете секој ден по седум часа. Кога ви недостасува сон, телото произведува повеќе грелин, хормон кој го поттикнува гладот и предизвикува задржување на мастите. Исто така, ако сте уморни можете да направите погрешна одлука, со тоа што ќе јадете повеќе отколку што треба.

7. Избегнувајте вештачки засладувачи

Тие не придонесуваат за намалување на тежината, туку спротивно. А тие се толку слатки што всушност можеме да ја зголемиме зависноста кон нив. Изегнувајте пијалоци, колачи и други десерти кои имаат вештачки засладувачи.

8. Јадете почесто

Старо размислување: Кога сакате да ја намалите телесната тежина не јадете помеѓу оброците. Ново размислување: Не дозволувате да помине повеќе од пет часови помеѓу оброците. Ако сте премногу гладни тогаш потешко ќе го направите вистинскиот избор на храна, па веројатно ќе посегнете по брза храна.

9. Вежбајте секој ден

Ова не е ништо ново. одвојте време за вежбање. Вежбите ќе ви помогнат брзо и сигурно да ја постигнете целта, бидејќи комбинацијата на диета и физичка активност дава најдобри резултати. Една студија во Сиетл покажа дека жените во менопаузата кои биле на диета и биле активни, аеробик 45 минути дневно, пет дена во неделата, брзо и лесно се ослободиле од вишокот килограми, од оние кои вежбале или биле на диета. Овие првите изгубиле 11 % од телесната тежина, оние кои само вежбале 2,4%, а оние кои внимавале на исхраната 8,5%.

10. Намалете го стресот

Стресот му смета на вашето целокупно здравје. Тој предизвикува лачење на кортизол, хормон одговорен за таложење на телесни масти и желба за калорчна храна.

Еден од начините е да јадете во пријатна средина. Мозокот ќе ви се засити и со тоа ќе нема да внесте многу храна.

 

Comments are closed.

maski1