Реакција на прес конференцијата на претседателот на ОК на ВМРО Дпмне – Струмица, Ванковер Манчев

Општина Струмица нема намера да навлегува во проблемите со кои се соочува ВМРО ДПМНЕ на државно и локално ниво, ниту сака да ги коментира причините, зошто поради влезот на мала врата на Ванковер Манчев во партиско-државните структури , „врие“ членството во струмичкиот Општински комитет на оваа партија, но кога истиот тој Ванковер Манчев се осудува да го критикува работењето на поранешниот градначалник Зоран Заев, тогаш тоа во најмала рака е смешно.

opština-strumicaДа се зборува за најдобриот, најнаградуваниот, најтранспарентниот и најдокажаниот градоначалник во Македонија, Зоран Заев, кој реализираше над 2000 проекти без ниту еден денар задолжување , тогаш таквиот обид на Манчев за дискредитирање на Зоран Заев и Општина Струмица, уште од стартот е осуден на пропаст.

Да ги држеше Ванковер Манчев своите прес конференции пред граѓаните на некои подалечни македонски општини, можеби тие и ќе му поверуваа на кажаното, иако и тоа е под голем знак прашалник, но кога тоа го прави пред граѓаните на Струмица, тогаш веројатно и самиот е свесен дека пука во празно, Зоран Заев од минатата година не е градоначалник на општина Струмица, но тоа не значи дека Општината се откажала од некои проекти што биле ветени во неговата програма. Напротив, в.д. градоначалникот Костадин Костадинов и целата општинска администрација, прават максимални напори за комплетна реализација на програмата за работа. Струмица беше, е и ќе остане и понатаму,урнек за општина по мерка на сите свои граѓани. – стои во писмената реакција од Општина Струмица.

Comments are closed.

maski1