За жал, некои деца доцна ќе сфатат дека настанале од мајмуни
Како најлесно се излегува од овој неред? Да се влезе во уште поголем!
Никаде нема подобра од дома, рече и веднаш влезе кај – соседката.
Како да ја сочува околината кога не може да се сочува самиот себе.
Не може да го видите непријателот меѓу себе оти е скриен во вас.
Зошто и криминалците да не ги избираме на избори. Барем ќе знаеме кој се е виновен, а вака со политичарите не сме начисто.
Како странските инвеститори да вложуваат кај нас кога климата е стечајска.
Мајка пцујат оние кои не знаат дека е виновен таткото.
Comments are closed.