СТРУМИЧАНИ ВО СТРАНСТВО: Тони Стојчевски

Некои одбрале да бидат поблиску до татковината и новиот живот го започнале во европските земји. Некои патиштата ги однеле преку океанот, во далечната Америка и уште подалечната Австралија. Оние најхрабрите се упатиле и на ,,другиот крај на светот” – Нов Зеланд.

Со сигурност, струмичани се ресеани по целиот свет… Ова се нивните приказни и дел од животот во странство…

1234996_781656685207048_2336766086283558155_n

Струмичанецот Тони Стојчевски е европски првак во дресирање на кучиња кои помагаат на лица со хендикеп. Моментално е ангажиран од познатиот мотиватор, Италијанецот Максимилијано Сочи, да го дресира неговиот миленик бидејќи тој е роден без раце и нога.

Тони Стојчевски е роден во Струмица каде живеел до својата осма година, а потоа со семејството се преселиле во Ново Коњарево. Од својата петнаесетта година живее во Швајцарија.

11909612_932703373435711_1224329313_n

Со Струма..

Како се одлучивте оваа хумана работа да стане и ваша професија?

Кога дојдов во Швајцарија, продолжив со понатамошното школување и, уште од 1988 се зачленив во клуб каде кучињата извршуваа хумана дејност, за луѓе со различни проблеми ( без вид, со проблем во движење, глувонеми, луѓе со дијабетес, и слично). Потоа, таа професија стана дел од мојот живот.

11940166_932703363435712_1316068412_n

Кога ќе видете како ваше куче помага на човек со парализа или куче кое води слеп човек и ги поминува сите препреки без проблем, тогаш се работи за професија која е многу тешка, одговорна, а од друга страна ви дава многу радост и внатраешно задоволство. Како дресер работам околу 20 години, а мојата дружба со овие животни започна уште кога имав пет години  и куче како милениче во Струмица.

Дали секое куче може да се издресира?

Секое куче може да се дресира за било каква работа ако се знае како да се дресира. Ќе ви дадам пример. Пред 2 години, близу една бензинска пумпа во Струмица, видов едно кученце, имаше околу 3 месеци. Беше гладно и многу исплашено. Го земав, го однесов на ветеринар и му средив документи за патување. Кога го донесов во Швајцарија, започнав со општа дресура, а потоа специјална дресура за помагање на луѓе кои боледуваат од склероза. Кучето, по име Струма, одлично ги помина сите испити и сега помага на девојче кое има проблем со движење. И отвара и затвара врата, и го носи телефонот кога ѕвони, ако падне девојчето и помага да стане или почнува да лае , и донесува шише со вода. И помага околу облекувањето и соблекувањето, и многу други работи.

Тоа е само еден пример дека не постои куче кое не може да се дресира за било каква работа.

Capture

Постои ли разлика помеѓу обичното дресирање на кучиња и кучињата кои помагаат на луѓе со хендикеп?

Кучињата кои се наменети за хуманитарна дејност имаат подолго дресирање и после тоа почнува специјално дресирање и зависи кон што поточно е насочено. Трае околу 2 години.

11817023_918488731523842_3456798094187557488_n

 

Претпоставувам дека луѓето со хендикеп на кои сте помогнале ви се многу благодарни…

Луѓето на кои им имам дресирано кучиња се многу благодарни, тоа за нив станува дел од фамилијата и секојдневниот живот. Сега завршив дресура на куче на еден човек од Италија кој пред 3 години го загуби видот. Исто така, го дресирам кучето на познатиот италијански мотиватор Максимилијано Сочи кој е роден без раце и една нога. Освен во Европа, сум дресирал кучиња и во Азија, Америка.

11759495_932703360102379_238114814_n

Имате ли, можеби, желба да отворите центар за дресирање на кучиња и во Македонија?

Во иднина сакам да отворам ваков центар за кучиња и во Струмица, за целата бивша Југославија. Имавме преговори за отварање пред 2 години, но тогаш имав многу кучиња за довршување со дресура и не беше можно да отпочне таа работа во Македонија. Се надевам дека во иднина ќе успееме за отварање на прв центар за дресирање кучиња за хуманитарна дејност кој освен тоа што би помагале за било кои намени, тие би пружеле топлина, љубов, и би се грижеле за личностите на кои помагаат.

Comments are closed.

1