Три струмички основни училишта на Национална конференција за мултиетничка соработка

Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, поддржан од Детската фондација „Песталоци“, а во организација на МЦГО-Скопје, изминатиот викенд во Охрид се одржа Национална конференција за мултиетничка соработка.19554821_1344476665605760_2189325638365971376_n Целта на конференцијата беше размена на искуства и добри практики од меѓуетничката интеграција во образованието помеѓу училиштата од општините кои се вклучени во проектот. Од општина Струмица во овој проект беа вклучени двете истоимени основни училишта „Маршал Тито“ од с. Муртино и од Струмица, а во оваа фаза од проектот е проклучено и ООУ “Никола Вапцаров“ од Струмица.19657038_1344476682272425_1386630323152055257_n
На конференцијата беа споделени искуствата секое училиште имаше можности за презентација на своите досегашни активности, утврдени преку нивните акциони планови за работа на секциите, реализирани мешани часови по наставните предмети Општество и Граѓанско образование и други придобивки од соработката со родителите и локалната средина.19665114_1344476558939104_3414720576281508282_n
Нововклучените училишта имаа можност да учествуваат во изработка на акциони планови за наредниот период, а претставникот од Општина Струмица, Зоран Узунов, ги презентираше општинските образовни политики преку донесената стратегија за образование и добиените искуства од интеркултурната размена на учениците во Детското село Песталоци-Швајцарија.

Comments are closed.

maski1