Прв модул од обуката за инклузивно образование во ООУ „Сандо Масев“

Секое дете има право на квалитетно образование кое ги почитува и промовира дигнитетот и оптималниот развој на детето. Водејќи се од ова, ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, во соработка со УНИЦЕФ, БРО, Македонскиот центар за граѓанско образование, а со поддршка на Општина Струмица, се вклучи во проектот „Инклузивно образование на ранливи групи“. 19665488_1344477905605636_5178585746135707747_n
Наставниците од одделенска и предметна настава од ова училиште, ги реализираа содржините и активностите од модулот 1 – „Визија, теорија, концепти“ од инклузивното образование за ранливи групи. Опфатот на обуката ги насочи учесниците кон активности за влијанието на наставниците за поддршка на учениците, вреднувањето на различноста на учениците, личниот и професионален развој, соработката на ниво на училиште и локалната средина и сфаќањето дека инклузивниот наставник треба постојано да ги зголемува и продлабочува своите знаења.19756416_1344477908938969_4083473695605611821_n
Со активната поддршка што градоначалникот и Советот на општина Струмица ја даваат за подобрување на условите за работа во воспитно-образовните установи и стручното усовршување на наставниот кадар, во наредниот период се очекува и други основни училишта да се вклучат во инклузивното образование за ранливи групи.19756704_1344477912272302_1056478361473490229_n

Comments are closed.

maski1