Заев доби специјално признание – „Европска личност на годината“ во Сараево

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на манифестацијата важна за бизнисот во Југоисточна и Средна Европа, „Најменаџер и најкомпанија за 2017″, во Сараево, доби специјално признание, „Европска личност на годината” и „Носител на позитивни промени во регионот”, за ангажирање по прашања од политиката, бизнисот и економијата, развивање и јакнење на пријателски, регионални и меѓународни соработки, како и за создавање услови за унапредување и подобрување на животот кај граѓаните.zaev-priznanie1

Неговата порака е дека благодари за довербата, што ја добива втора година по ред со најава дека ќе ги унапредува заедничките односи во интерес на целиот регион.
Премиерот Заев присуствуваше на традиционалниот бизнис собир, што се одржува 36 пат во Сараево, во организација на Независната европска агенција, Европско здружение на менаџери и списанието Еуроменаџер, во партнерство со надворешно-трговската комора на БИХ, на којашто доби признание од позиција на премиер, а лани доби награда за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа за 2016 година.timthumb

Comments are closed.

maski1