Во петок „Отворен ден со Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Струмица“

дружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА Струмица организира „Отворен ден со Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Струмица“ на 07.07.2017 г. (петок) со почеток во 18 часот во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица во Дом на АРМ – Струмица.19642557_1412485922179169_8284053839164017965_n

Оваа активност е во соработка со Советот на општина Струмица и општинската администрација, а е дел од програмските активности на Центарот на заедницата на општина Струмица во рамки на проектот Институционална поддршка за 2017 г., финансиски овозможен од Фондација Отворено општество – Македонија.

Говорници ќе бидат членовите на Комисијата за култура, образование и спорт. Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на културата, образованието и спортот.

Целта на настанот е да се доближи работата на Комисијата до граѓаните, да се запознаат со работата на Комисијата, но и да се овозможи граѓаните да се вклучат со свои предлози, како и во носењето одлуки на локалната самоуправа. Веруваме дека реализацијата на оваа активност ќе придонесе за зголемување на транспарентноста, учеството на граѓаните во работата на Општината и кон промоција на работата на Советот.

Настанот е од отворен тип и на него може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

Comments are closed.

  vtoro122