Хотел ,,Српски краљ“

 


Хотел „Српски краљ” е изграден во периодот од 1926 до 1928г. од Илија Кацарски, од село Босилово. Од тогаш до денес, оваа градба има забележено богата историја, но има променето и околу 17 стопанственици.

Хотел „Српски краљ” е двокатна зграда со поткровни простории, богато декорирана со класицистички елементи и со флорална декорација на венецот, над и под прозорците. Просторот е решен со приземје кое било градска кафеана, кат каде имало хотелски апартмани и поткровни простории.

Од 1948 година била национален магазин (НАМА) за потоа да стане дел од трговското претпријатие “Југопромет”.

predipotoa

Comments are closed.

maski1