Водич низ струмичкиот дијалект

У Македонија има ного дијалектe-ја само ед’н пример: у струмичката укуљии има 70 села и у секоо село ќе нааш чишит зборове. Башка шо и низ самите села различно се гуворе. Шо би се кажало-едвај се разбират они самите едни меѓу други. Как и даа, дијалек’тте се бугатство на еден јазик.

Плоштад_Гоце_Делчев_Струмица_(2)

А – што?

 

Аааа – навистина?

 

А-аа – потврдно ДА

 

Аајт – извик

 

Ава – воздух

 

Аз`р -  готово,спремно

 

Ајанасана – бре мајката!

 

Ајг’р – нескопен коњ

 

Ајљак – без обврски, задолженија

 

Ајмана – слободен

 

Ајнаџии – мрзливец,турцизам го употребуват бежанците, а се употребува за оние кои ништо не работат.

 

Алајка – слугинка

 

Ала франга – според француски образец

 

Албабани – се употребува за изразување на некаков вид лакомост

 

Алтобус – автобус

 

Ам’лк – амалска работа

 

Ам’салак -

 

Ангаже – прошетка под рака

 

Антарии – кошула

 

Анџ’к – имено, штотуку

 

Апсаздан – одненадеж

 

Аргаванљии – виолетова боја

 

Аресе – бендисува, допадливо

 

Арл’к – отвор, дупка од механичко потекло

 

Армас – веридба

 

Асии – лош човек

 

Ачик – отворен

 

Ахт- душа, желба, мака

984095_560532567396659_7763502550129274706_n

Б’’- болва

 

Б’рбат – извалкан

 

Б’рсаци – фарбели(Битолско наречје),карнери

 

Бабалар – нешто големо

 

Баја – многу

 

Балајдисн – замаен од убаво јадење

 

Бајмак – смотан, наивен

 

Бактиса – здодеа

 

Балгам – шлајм

 

Балтии – секира

 

Балтон – зимски капут

 

Басамак – скала

 

Башак – кочан пченка

 

Бежанци – лица од Егејска Македонија населени во Струмица после Балканските војни

 

Бизељ – грашок

 

Бијам – изглед

 

Бичкии – рачна пила

 

Бишка – свиња

 

Бој – сукна

 

Брунка – мозолче, кожен израсток

 

Бубаќ – памук

 

Будинка – работи нешто…

 

Булмаџа – белузлави налепи на грлото кај доенчиња

 

Бунела – вилушка

 

Бурсук – јазовец

1476225_713816012068313_7571606713204646052_n

В, Г, Д, Ѓ, E, Ж, З, Ѕ, И, Ј

 

Варка – брза

 

Варканик – набрзина

 

Виран – расипан

 

Виранл’к – расипан човек, лош човек

 

Вљечки – летни папучи

 

Вонка – надвор

 

Вр’тица – прозор

 

Врзонка – врвца

 

Г’рг’ленки – измет од овца

 

Гуничка – брканица

 

Гудишка – скокотлив/а/о

 

Гурди – гурделки

 

Д’лгн – папсан

 

Д’нг’лак – висок и глупав човек

 

Далдис’н – занесен,отсутен

 

Даабетер – ептен лошо, заникаде

 

Дибидус – ептен, со се

 

Диско – послужавник

 

Дотка, дода, доо (Снеже) – постара сестра

 

Дуд’ље – мокар до гола кожа

 

Душеме – дрвен под

 

Ѓети – плетени чорапи

 

Гибердисе- да цркне, но на француски е на бесилка

 

Ѓиризо – празно тесно место меѓу две куќи кај што се слива вода од кровот

 

Ѓољ – локва, бара

 

Ѓурлутии – галама

 

Ељ’м –

 

Евввааа – лелее

 

Ејга – еве ја

 

Енус – скоро, само што

 

Жвака – мастика

 

Сак,с – жвака, мастика

 

З’нк – вид игра со карти

 

Заваљ’н – запален оган  или легнат во кревет

 

Загуљ’н – смотан

 

Закаре – го поведе со себе

 

Замански/а/о – стари/а/о

 

Зашупа – фрла

 

Зерде – благ специјалитет од ориз кој се служи за Тримери

 

Ѕ’нѕ’рљии – кајсија

 

Ѕенѕ’ш – тапка во место ( игра )

 

Ѕиври – долги гаќи

 

Ѕифка – подбуцнува

 

Иљинџе – си гледа сеир, мајтап

 

Ишарет- знак со очи, вика

 

Јагур’да – ситно грозје

 

Јадранки – вид чевли,апостолки

10406579_703621479754433_7912281378821646115_n

 К, Л, Љ, М, Н, Њ

 

К`ч – фалба

 

К’лчуне – плетени волнени чорапи

 

К’вл’к – џезве

 

К’рдисува – се залисува од смеење

 

К’шта – куќа

 

Каздиса- се налути

 

Калимана – кума

 

Калитата – кум

 

Калкавура – нешто тешко и големо

 

Калпазан – трапав човек

 

Кација – лопатка за вадење пепел од огништето

 

Кинисан- тргнал

 

Клинче – стои во место

 

Кљош- форма во вид на ѕвонче

 

Кљунк – одводни цевки од печка на дрва.

 

Кок’л – коска

 

Колај – решение

 

Колба – белезика, нараквица

 

Крушница – измет од птици, во струмичкиот најчесто се мисли на измет од кокошка.

 

Кувет – животна сила

 

Кузум – мила

 

Кукона – дотерана мома (лична како кукла)

 

Кукуратка – кочан од пченка или семе од елка

 

Кунисе – биди мирен, молчи

 

Курбина – кора од лубеница

 

Курдела – машна

 

Курдисе – се наместува,се дотерува

 

Л’стегарка – стап за тепање

 

Лангиди – мекици

 

Ликсур – стрвен

 

Лунгур – клапчо, млитав

 

Љељта- тетка

 

Љимонт’б’тљии – лесно се лути, навредува

 

М’ркуч – црево

 

М’ска – грмотевици или многу јаде, пие

 

Маљее – извик за негодување

 

Маљемате – заткулисни игри

 

Мајнаџии – ништо не му се допаѓа

 

Манок – некој кој се прави фраер,паметен…

 

Маџун – слатко од грозје

 

Ментеше – шарка

 

Минд’ље – бадеми

 

Мискимбре – растение здравец (ставен во домашно приготвено слатко)

 

Мискин- неугледен

 

Мишка – пазув

 

Мрфка – парче месо

 

Мутл`к – сигурно,бездруго!

 

Муу – мува

 

Н’лне – дрвени кломпи

 

Надваксе- постигне

 

Накапуљник-досаден

 

Напељесува- навредува

 

Напкум – подоцна

 

Нас’ј – навистина

 

Наф’ка – ксмет, судбина

10347238_677290485720866_6547750560902230213_n

 О, П, Р, С

 

О’лн – бре (турцизам)

 

П’тп’дак – низок човек

 

П’рваз – дел од прозорец

 

Панаѕат – повторно назад

 

Пандуфљи – папучи

 

Патати – компири

 

Пачавица – долен дел од ногавица

 

Пејачка – помен на умрен

 

Пелте – вид на слатко

 

Перде – завеса

 

Перчик – прамен коса

 

Пиљаф- варен солен ориз

 

Пиљувертиса- се смрзна, до разболување

 

Питељка – петлица

 

Пичетка – марамче

 

Пишик- грешка

 

Пишин- најпрво, прв

 

Пишман-се покајал

 

Постима – насока,патека

 

Прегач – ткаена волнена престилка

 

Прекард’ши – ја претера

 

Пулвер – џемпер

 

Пупи – колачи

 

Пусвет,на- кога е ослабната во телото

 

Р’м – вид игра со карти

 

Р’пљ – навредлив збор за селанец

 

Р’цели – вид на домашно приготвено слатко од тиква, грозје без семки, млад патлиџан

 

Раздалии – кајсии

 

Расотка – прошетка

 

Рејс – автобус

 

Риза – крпа

 

Ронка -трошка

 

Рошав – разбушавен

 

С’ир – панаѓур;се сити на смешна ситуација (си гљеда с’ир)

 

С’к’н – аман

 

С’м’лк – штала

 

Саалам – здраво, добро

 

Салтанате – обичаи, навики

 

Самси – ромбоидна форма, шара

 

Секир’м – сум загрижен

 

Си врева – си збори

 

Сичко – се

 

Сиџим – конец

 

Скама – сапуница

 

Склупутеса – се прејаде

 

Скокаљеса- се смрзна од студ

 

Скрна- нечистотија, на кожа посебно

 

Спотн,на- испотена

 

С,ска-турка со збор

 

Стига – престани, застани, сопри

 

Суљендаре – мразулци

 

Суптисаа – растурија

10349978_675065532610028_7229915720226982227_n

Т, Ќ, У, Ф, Х

 

Такрафате – ситници

 

Тин’кии – ламарина

 

Тифирич – отворен ветровит простор

 

Тортоп – ујде да дојде; нема више Пероо, го зеа ;)

 

Точ’к – велосипед

 

Туртулак – измет од говедо

 

Тутурдисува-намерно, натерува

 

Ќирљиво – гнасно, нечисто

 

Ќирфии – клинец, шајка

 

Ќитка -цвеќе

 

Ќутук – сечено дрво што не се цепи

 

Удунат – во другата соба

 

Ујдисе – одговара или најди

 

Ујун – форма, облик, начин

 

Ујгун – точен, по мерка

 

Укубет- невреме, дожд и ветер

 

Ушаф – компот

 

Уш- божем

 

Ф’ртуна – летало, змеј

 

Фанела – долна волнена маица

 

Фасуљ – грав

 

Фиљан`кишии – едикојси..?

 

Фљонга – панделка

 

Френки – домати

 

Фрча – четка

 

Фудаа – соба

 

Фуркета – шнола

 

Фуста- долна женска облека ( плетена од волна )

65342_499805770136006_1813994876_n

Ц, Ч, Џ, Ш

 

Цреп – саксија

 

Ч’кор – многу ладно

 

Ч’крдек – семка, коска од слива,цреша,кајсија

 

Ч’п’ратка – помала гранка во вид на буквата У и децата го користеле така што на разграноците врзувале ластик со кој мавале со камења најчесто по птиците.(prasta)

 

Ч’рвиш/Червиш – сос остаток од јадење

 

Ч’рпак – длабока лажица за ставање течно јадење

 

Чааб’џак – слабо завршена работа

 

Чикич – чекан

 

Чина-стрина

 

Чименто – бетонска подлога (двор, ходник…)

 

Чинѓељ – закачалка, кука

 

Чинува – дуполнителен глагол у струмичкио дијалект :) значењето моо работа

 

Чипиш – низок човек,мало дете

 

Чишит – необичен, несекојдневен, чуден

 

Чомка – лимена чаша

 

Чоп – пенис

 

Чумулига – вид летало направено само од хартија.Исто се употребува како погрден збор за жена мераклика :)

 

Чурб,лк-голем сад за супа

 

Чушки – пиперки

 

Џ’нгрлашка – тропалка

 

Џаде – пат

 

Џибиринки – чварки

 

Џилетка – потенок џемпер на закопчување

 

Џамадан- елек?

 

Џиџитка – ептен ново, тазе

 

Џ’рџанаци – тестиси

 

Џуап – да се справиш со одредена ситуација

 

Шамата – прави врева, гужва, збрка

 

Шамандосан – изветреан

 

Шарвета – марама

 

Шартар – фиока

 

Шашардисан-замаен

 

Шеј – предмет

 

Шмита – шета

 

Шпирто – кибрит

 

Текстот е превземен од ФБ групата Гувори струмички

Comments are closed.

maski1