Пандев заврши со Џенова

Искусниот македонски репрезентативец, Горан Пандев и дефинитивно ја заврши својата приказна со Џенова.pandev8

Струмичанецот изминативе две години беше дел од калчолигашот, долго време се мачеше со формата, а и никако не успеваше да дојде до гол во Серија А. Во самиот финиш тој постигна неколку важни голови и придонесе клубот да се избори за опстанок, но тоа не беше доволно за нов договор и популарниот Гоче си заминува, поточно е во потрага по нов предизвик.

Неговата цел е да остане на Апенините, во Италија и со оглед на неговото реноме не би требало да има проблем да му се исполни неговата желба.

 

 

 

извор: Дерби.мк

Comments are closed.

maski1