Македонија ќе ја пречека Албанија во Струмица во мундијалските квалификации

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) потврди дека стадионот „Младост“ ги има потребните услови, па Македонија ќе ја пречека Албанија во Струмица во рамки од квалификациите за Светското првенство во Русија наредната година.

stadion-mladostПо осум години, струмичките фанови ќе имаат можност да го гледаат Горан Пандев и останатите репрезентативци во својот град. Македонија ќе ја пречека албанската репрезентација на 5 септември, три дена откако ќе гостува кај Израел.

Ова ќе биде прв квалификациски натпревар на македонската селекција надвор од Скопје, по 114 одиграни натпревари.

 

 

 

 

 

извор: ГОЛ:МК

Comments are closed.

maski1