Второто пријавување ученици во средните училишта ќе се врши на 5 јули

Во трите средни општински училишта во првото пријавување од јунскиот уписен рок во новата учебна 2017/2018 година се запишале вкупно 657 ученици. 19510222_1338861729500587_8300698619697195181_nОд нив 236 се запишале во СОУ „Јане Сандански“ и тоа 167 во гимназиското и 69 ученици во економското образование. Во СОУ „Димитар Влахов“ се запишале 203 ученици, 198 во стручното четиригодишно образование и 5 во стручното тригодишно образование. Во СОУ „Никола Карев“ се запишале 218 ученици од кои 187 стручното четиригодишно образование и 31 во стручното тригодишно образование.
По првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок во трите средни училишта останати се вкупно 615 слободни места. Второто пријавување ќе се врши на 5 јули.

Comments are closed.

maski1