Стоп за несоницата! 8 начина како да ја победите

1) Подалеку од компјутерот еден час пред спиење. Сурфањето на интернет пред легнување не е добра идеја поради тоа што светлото на мониторот го активира мозокот и ви е потребен подолг период да се смирите, па да заспиете.

2) Добриот кревет е темел на убавиот сон. Вложете во квалитетен кревет. Постелнината нека секогаш мириса убаво а навлаките менувајте ги на секои 5 дена. Добриот кревет злато вреди – рекле старите и верувајте не погрешиле.

insomnia 4

3) Креветот користејте го само за спиење. Не навикнувајте го телото да чита книга или учи во кревет бидејќи со тоа ќе го одвикнете дека креветот е само за спиење. За читање и учење се бирото или каучот. Креветот користете го само за секс и спиење.

4) Пијте топло млеко, консумирајте банани и цреши пред спиење или јадете тост. Храната која содржи јаглехидрати предизвикува покачување на шеќерот во крвта, а со тоа човековото тело почнува да произведува инсулин за да го регулира. Со тоа нашето тело се чувствува поуморно и полесно заспива.

insomnia

5) Слушајте музика. Повеќе медицински истражувања покажале дека тивката и смирувачка музика делува благопријатно на ублажување на несоницата, а со тоа се придонесува и за подобар сон. Секогаш пред спиење слушајте ја музиката што ве опушта.

6) Фантазирајте. Замислете дека сте на море и брановите ви ги скокоткаат стапалата или пак, дека сте на некоја недогледна зелена ливада и го слушате црцорењето на птиците. Во вашиот ум создадете си место што ве смирува и секоја вечер уживајте во него. Само на тој начин ќе ги отргнете мислите од обврските за утрешниот ден.

7) Одете во кревет во исто време секој ден. Будете се во исто време секој ден. Така вашето тело ќе се навикне на ритамот кој ќе му го поставите и заспивањето и станувањето нема да му претставуваат проблем. Исто така, препорачливо е одбегнување на попладневни дремки.

8) Не консумирајте кофеин или алкохол барем 2 часа пред спиење. Пушењето, пиењето таблети за спиење или лекови за смирување на анксиозноста пред заспивање, не само што нема да ви помогнат, туку според нова канадска студија тие го зголемуваат ризикот за смрт до 36 отсто.

insomnia 1

Comments are closed.

1