Комплекс водочки цркви “Св.Леонтиј’’

 

На околу четири километри западно од Струмица, во селото Водоча, се наоѓа Комплексот на водочки цркви.
Комплексот на водочките цркви го сочинуваат три цркви. Најстарата е источната трикорабна куполна црква која била разурната по пропаста на Самуиловата држава, а најстара фреска овде е претставата на неидентификуван светец од крајот на X век.
Вториот  дел од комплексот го сочинува Западната мала крстовидна куполна црква која е изградена во периодот 1018-1037 год. и е посветена на Богородица Елеуса-Воведение. Фрескоживописот од оваа црква го сочинуваат фреските на ѓаконите Исавриос и Евплос, фигури на светители, циклусот на главните црковни празници и сцени од “Детството и животот на Пресвета Богородица”.

02

Средната куполна црква е најголема и претставува епископска црква, што се заклучува според синтроносот во олтарната апсида. Таа е подигната кон крајот на XI и почеток на XII век и е посветена на Св. Леонтиј, маченик убиен во времето на римскиот цар, Веспазијан поради прифаќање на христијанството. Од фрескоживописот на оваа црква се зачувани фрески со претстави на шест Архиереи и фреската на св. 40 Севастиски маченици. Во самиот комплекс се истражени две манастирски бањи, конак со стопански придружни објекти и богата средновековна некропола со над 1000 гробови од XIII се до XX век. Црквата во XIII век била срушена по што била напуштена и во нејзина близина тогаш никнала богата средновековна некропола.

05
Врз остатоците на темелите од поранешните цркви е извршена реставрацијата во 1979 год. и денес е јасно забележливо по оловната преграда до каде биле остатоците. Во 1996 г. овде е обновено монаштвото, а денес овде живеат монашкото сестринство на струмичката епархија.

27

Comments are closed.

maski1