Сте слушнале ли за болест на лудиот мед?

Поради трансот во кој запаѓале оние кои ќе го пробале медот, римјаните го нарекувале “лудиот мед”. Римскиот историчар Плиниј утврдил дека овој мед потекнува од растението рододендрон (што во буквален превод е збир од двата збора – ружа и дрво).

honey (1)

Денес токсикологијата труењето предизвикано од овој пчелин производ го нарекува “болест на лудиот мед”. Овој мед можете да го пронајдете на турскиот брег на Црното море. И покрај тоа што е познато дека консумирањето на лудиот мед доведува до низа негативни последици, во народната турска медицина, тој се препорачува како лек за чир на дванаесетпалечното црево. Се верува дека овој мед дејствува и како афродизијак, па затоа многу жртви на труење се мажи.

honey

Comments are closed.

maski1