Жирито на XIII „Астерфест” одлучи за наградите. Еве кои се

Жирито на  XIII „Астерфест” составено од Срѓан Финк (Холандија), Наталја Алтхаузер (Германија) и Елена Мелончели (Италија) одлучи да се доделат следниве награди за филмовите во компетиција.
Nagradeni-AF_017
· ЗЛАТНА ПОТКОВИЦА за документарецот „Виолината на Џо” на Кахане Куперман од САД
· СРЕБРЕНА ПОТКОВИЦА за документарецот „Жени” на Анастасија Кузјакова од Русија
· БРОНЗЕНА ПОТКОВИЦА за краткиот игран филм „Посетителите” на Тео Пападулакис од Грција
· СТАРОЗЛАТЕН ПРОЕКТОР за краткиот игран филм „Одот на пијаницата” на Пол Арменгол од Шпанија
· АВТОРСКА НАГРАДА „АЦО АЛЕКСОВ” за документарецот „Лица” на Ханис Багашов од Македонија
· НАГРАДА „ЃОРГИ АБАЏИЕВ” ЗА НАЈДОБРО СЦЕНАРИО за краткиот игран филм „Пеј” на Кристоф Деак од Унгарија
· НАЈДОБАР КРАТОК ИГРАН ФИЛМ за „Живее” ма Елена Пискарева од Русија
· НАЈДОБАР АНИМИРАН ФИЛМ на „Авионот” на Хесус Мартинез Нота од Шпанија
· СПЕЦИЈАЛНА ДИПЛОМА ОД ЖИРИТО на документарецот „Неред” на Иља Желтјаков од Русија
· СПЕЦИЈАЛНА ДИПЛОМА ОД ЖИРИТО на краткиот игран филм „Интермецо” на Душан Зориќ од Србија
· СПЕЦИЈАЛНА ДИПЛОМА ОД ЖИРИТО на анимираниот филм „Шетачот” на Тибалт Шолет од Франција
Вечерва на програмата се 7 наградени кратки филмови од Оберхаузен.
Фестивалот е поддржан од Општина Струмица и Агенција за филм на РМ.

Comments are closed.

maski1