Диета – 10 проценти

Со оваа диета насловена како „Диета – 10 проценти” можете да загубите 10 проценти од телесната тежина за три недели. Оваа диета се базира на препораките на нутриционистите и лекарите. Секое слабеење поголемо од 10 проценти од телесната тежина е не здрав чекор. b416CwY

Можеби 10 проценти е малку килограми што би сакале да ги загубите како крајна цел, иако оваа диета е еден здрав, квалитет и долготраен процес на губење на вишокот килограми.

Како да знаете колку храна треба да внесете во текот на денот ? Едноставно, на секој килограм телесна тежина, можете да внесете 25 килограми. Според овој пример, човек од 70 килограми во текот на еден ден треба да внесе 1750 калории. Како што веќе рековме, таквиот начин на губење на килограми е долготран процес, но е дефинитино квалитетен и здрав, отколку со некои други ригорозни диети.

Диета 10 проценти – распоред на храната по денови
z3XIero
Прва недела:

Ден 1: зеленчук во ваш избор, без ограничувања. Може да се јаде на различни начини – варен, свеж, динстан, во салати, џорби итн.

Ден 2: варено место по ваш избор (како и шунка, риба)

Ден 3: ориз или палента (качамак со малку сол)

Ден 4: млечен ден (се консумираат сите млечни производи со помалку масти, освен овошен јогурт)

Ден 5: јајца (се консумираат само јајца, приготвени на било каков начин)

Ден 6: овошен ден (се консумираа овошје по избор)

Ден 7: протеински ден (се јаде месо или риба по ваш избор)

Втора недела:

Ден 1: зеленчук по избор и варено месо. Зеленчукот може да се консумира како варен, свеж, динстан, и во салати.

Ден 2: месо со зеленчук

Ден 3: ориз со зеленчук

Ден 4: млечен ден (со млечните производи сега може да се додадат и некои додатоци: јајца, салата или овошје)

Ден 5: јајца (како гарнир може да се јаде и салата, овошје или јогурт)

Ден 6: овошје (се консумира овошје по избор: свежо или во облик на салата или компот)

Ден 7: протеински ден (се консумира печено месо или риба по избор)

Трета недела:

Третата недела по план на исхрана е иста како и првата. Следејќи го овој план на исхрана од три недели, вие треба да загубите 10 проценти од почетната тежина. Може да се пие кафе или чај без шеќер, во текот на диетата. Од масло, само ладно цедено маслиново масло. Се препорачува минимален внес на сол, а билните зачини се дозволени. Не користете запршка, а не е дозволено ни внесување на леб.
maj0FFY
Диета 10 проценти – дополнителни напомени

- Додека ги консумирате оборците, заборавете да ги консумирате на брз начин, пред вашиот телевизор или пак компјутер.

- Оброците консумирајте ги бавно, во мали количини и џвакајте темелно. На желудникот му се потребни десетина минути, за да се добие „сигнал” на ситост и затоа бавното консумирање на оброците доведува до контролирање на апетитот, и на тој начин ќе избегнете да прејадете.

- Во текот на денот, посветете минимум 30 минути на лесни вежби секој ден.

- Направете статистика за вашите резултати. Според направените истражувања, оние кои што водат статистика за нивните резултати во однос на оние кои што не водат, губат во просек 7 килограми повеќе.

Comments are closed.

maski1