Јогурт диета, намалете 4 килограми за само 3 дена

Јогурт диетата е особено здрава бидејќи има многу благотворно влијание врз варењето. Се јавува во неколку варијанти, а онаа за која што ќе пишуваме е брза диета со јогурт за 3 дена, а која по потреба ќе можете да ја продолжите и во текот на целата недела.QE7RgFd

Јогуртот за варењето на храната и здравјето

За влијанието на јогуртот за варењето на дигестивниот систем, најверојатно веќе имате слушнато нешто. Бидејќи тој содржи калциум лактат, овој производ им помага на нашите црева побрзо да ја варат храната, а исто така ги елиминира и штетните токсини. Се користи речиси во сите диети.

Јогурт за намалување на тежината

Се јавува во разни комбинации, како што се: исхраната со кисело млеко и цимет, диета со јогурт и јаболка, јогурт и лимон за губење на тежината, јогурт и краставици и многу други разновидни комбинации. За повеќето од овие комбинации, иако се разликуваат според планот, сепак за нив важи – секојдневно да се консумираат поголеми количини на јогурт.

a1zYyDq

Јогурт диетата е погодна за вработените

Тридневната диета со јогурт е вистиски хит меѓу вработените, многу е лесна за да се имплементираа, а испорачува извонредни резултати за краток временски период. Јогурт диетата за три дена, никако нема да ве остави гладни, ниту пак ќе се чувствувате исцрпено и уморно, напротив ќе бидете полни со енергија.

Јогурт диета – мени за три дена

Прв ден:

Појадок: Безмастен овошен јогурт или обичен јогурт во комбинација со житарици
Ручек: Продинстајте зеленчук со ориз во маслиново масло, зачинете со сол и бибер, за десерт, можете да консумирате овошен јогурт.
Вечера: направете салата од еден морков, јаболка и 50 грама шунка, потоа потпржете ги сите заедно во маслоново масло и кога ќе ја тргнете тавата од ринглата додадете еден немасен јогурт.

Втор ден:

Појадок: Салата од краставици е идеална за да се започне новиот ден, се што ви е потребно е да исецкате краставица на коцки и да додадете јогурт.
Ручек: Мисиркино месо (со мали додатоци на зачин) пропржете (накратко) во маслиново масло, потоа додадете пиперки, домати и ситно исечкајте печурки. Кога ќе се излади, во јадењето додадете еден јогурт.
Вечера: Јогурт во комбинавија овошје (по ваш избор), наша препорака е сами да го направите овој оброк со ниско калоричен јогурт.

Трет ден:

Појадок: комбинација од цимет и јогурт, припремете ги на следниот начин: во јогурт додадете рендано јаболко, помала количина на сирење, цимет и малку сол по вкус.
Ручек: Испечете 150гр. филе од ослиќ со салата од сечкана краставица со јогурт и малку сенф.
Вечера: Сварете 100гр. тестенини и додадете една исечкана пиперка, едно варено јајце. Се заедно се меша со јогурт.
5ToPhEo
Јогурт диета – Искуства

Без разлика дали ќе ја држите оваа диета еден, два или седум дена, ќе имате позитивни ефект врз вас. Секако за ден, два не ќе можете да се пофалите со многу стопени килограми, но сигурно ќе направите одлична детоксикација на организмот. За рамен стомак и за слабеење до 5 килограми, ви препорачуваме да бидете на диета околу една недела. Јогурт диетата од 7 дена, задолжително бара и вежбање и физички активност во период од минимум 30 минути на ден. Јогрут диетата од 3 дена, нема да ви помогне да ослабете повеќе од неколку килограми, но за почеток тоа се одлични резултати, кој што ќе ве натерат да продолжите со диетата. Во случај да почувствувате глад, можете слободно да се консумира како ужинка овошен јогурт или јогурт со ниска масленост, но се разбира, да не се претерува. Оваа диета на нашите простори е една од најпопуларните, пред се поради едноставноста како и цената.

Напомена: Задолжително да се консултирате со вашиот лекар пред да започнете да ја држите оваа диета!

71nMDSJ

Comments are closed.

maski1