Афоризми на Ѓорги Панов

Парите како отуѓена моќ – не знаат за слободата во одлучувањето.

 

Оние  коишто веруваат на личности кои многу ветуваат – остануваат изневерени.

Capture

 

Зарем и вие мудриот човек го сметате за сиромашен?

 

Ниските удари најчесто ги има во високата политика.

 

Најлесно може да ве измами оној што  најтешко ја стекнал вашата доверба.

 

Жените со превисоки прагови на очекувања и критериуми почесто се осамени и тажни.

 

И најтврдите принципи попуштаат пред мекиот кревет.

 

Comments are closed.

maski1