Сакате совршена фигура? Еве што треба да направите:

Ако природата не ве надарила со манекенска градба на телото,не значи дека не можете да изгледате феноменално во секоја пригода. Потребно е само да научите неколку трикови кога избирате што да облечете.Victoria-Secret-Fashion-Show-Runway-Pictures-2014

1) Избегнувајте ја облеката која го оцртува обликот на вашето тело,затоа што таа најдобро умее да ги истакне облините. Носете фустани кои што се врзуваат со појас на половините или пак панталони со дебел каиш кој визуелно ќе го издолжи вашето тело. Кога одбирате јакна или блуза,обрнете внимание на тоа нејзината должина да биде под појасот и така ќе дадете илузија на повитко тело.

2) Изберете го вистинскиот материјал,на пример оној кој е малку поцврст во струкот како тврд памук,лен или груб џинс. Не само што добро ќе изгледа на вас,туку и ќе направи да се чуствувате поубаво во своја кожа.

3) Изберете ја вистинската должина. Најубаво изгледаат суќни и фустани кои паѓаат неколку сантиметра пред коленото,а за свечените прилики изберете долги фустани. Четири прста од коленото до суќната е идеалната должина за вас.

4) Кога сме кај ракавите, три-четврт се најдоброто решение без ралика дали блузата е таква или едноставно сте ја повлекле нагоре. Повеќето од нас имаме тенки зглобови и подлактици и вреди да го свртиме вниманието на нив. Доколку носите фустан без ракави и сакате да го подигнете горниот дел од рацете,тогаш изберете нежен шал за вашите рамења.

5) Не е само црната боја која ве прави да изгледате послабо. Точно е дека во неа изгледаме витко,но истото важи и за тегетот,темно виолетовата и чоколадната боја која на светла кожа изгледа далеку поубаво од црната.

6)  Не занемарувајте го изрезот околку вратот. Отворениот изрез изгледа добро на секоја жена. V и округлите изрези ја истакнуваат клучната коска кај жената а тоа изгледа многу секси.

candice-swanepoel-inline

 

 

 

Comments are closed.

maski1