6 напивки од кои побрзо ќе ослабете

Се` што ќе внесеме во нашето тело значително влијае врз нашиот изглед и здравје. Не зборуваме овде само за храна. Ако сакате да ја зачувате виталноста и младешкиот изглед, започнете почесто да ги консумирате следниве напивки:

kafe

КАФЕ

Освен што не можеме да се разбудиме без шолја кафе, овој вкусен пијалок е одличен антиоксиданс кој помага при побрзо согорување на калориите. Шолја или две дневно го чисти организмот од токсини, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетис, болести на срцето, а ја враќа и свежината на кожата.

cacao

КАКАО

Какаото содржи повеке антиоксиданси од кафето, зелениот чај и црвеното вино кои се од исклучителна важност за здравјето на организмот и раст и развој на нови мускулни влакна. Антиоксидансите од какаото не` штитат од дејството на слободните радикали кои се главен виновник за стареењето на кожата.

water (1)

ВОДА

Водата е наједноставниот, најприродниот и најевтиниот пијалок без кое нашиот организам не може. Само 5 чаши на ден се доволни за да бидете полни со енергија, а вашата кожа да биде еластична и сјајна. Ако испиете чаша вода пред оброкот апетитот ќе ви се намали и вашето тело ќе се чувствува посито.

milk

МЛЕКО

Млекото содржи минерали на калциум и фосфор кои помагаат при одржување на јачината и густината на коските. Млекото спречува мигрена и дебелина кај децата, помага при ублажување на ПМС симптомите, а кај возрасните помага за побрзо губење на салото околу струкот.

green-tea

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Зелениот чај е одличен прочистувач на организмот. Ја враќа енергијата, го намалува апетитот и помага во губењето тежина забрзувајќи го процесот на согорување на мастите. Тој штити од штетните сончеви зрачења кои предизвикуваат многу кожни болести.

red wine

ЦРВЕНО ВИНО

Црвеното вино со неговиот извонреден вкус ги штити крвните садови, го намалува холестеролот и нивото на стрес. Личностите кои пијат вино имаат 40 проценти повеќе антиоксиданси во телото од оние кои не пијат црвено вино. За масните ќелии побавно да ви растат, докторите препорачуваат една чаша црвено вино дневно.

Comments are closed.

1