ОТВОРАЊЕ НА ТРИНАЕСЕТТИОТ АСТЕРФЕСТ ВО СТРУМИЦА

Од 26 до 30 јуни, Струмица по тринаесетти пат е домаќин на традиционалниот Интернационален филмски фестивал „Астерфест” кој годинава се одржува под мотото „Меѓу фактот и фикцијата”. Во петте фестивалски денови на програмата се околу 40 ексклузивни кусометражни играни и документарни филмови во компетитивните категории: Анимоушн, Глобална фикција и Ѕвездени документи, како и во ревијалните програми Мувиленд, Мери-Дионс, Посвети и Оберхаиузен на турнеја.JAS_SUM_SAMI
Свеченото отворање на фестивалот се случува утре вечер, со почеток во 19,30 часот, во големата сала на НУЦК „Антон Панов” каде што ќе бидат одржани сите филмски проекции во текот на фестивалот. Најпрво ќе бидат доделени наградите на лауреатите Џеки Шепард и Коле Ангеловски, а потоа следуваат проекции на филмовите: „Јас сум Сами”, повеќекратно наградуван филм на Кае Бахар, номинираниот за Оскар „Виолината на Џо” на Кахане Куперман, оскаровецот „Пеј”, филмско остварување на Кристоф Деак, како и филмот на Ендрју Коутс и Лу Хаму-Лхаџ, „Позајмено време”, со номинација за Оскар.Design-2017
Првата фестивалска вечер продолжува со блокот од шест анимирани филмови и исто толку танц-филмови . Тука се анимираните филмови од програмата Анимоушн: „Авионот” на Хесус Мартинез, „Јажиња” на Педро Солис Гарсија, „(Ин)феликс” на Марија ди Раза, „Шетачот” на Тибалт  Шолет, „Гиро-танц” на Пјотр Лоц Хоанг Нгоц, како и „Акт” на Ацо Станкоски.
Истата вечер на програмата се и филмовите во програмата Мувиленд, и тоа: „Скроено” на Аугенблик, „Нарушувања” на Фелипе Фроза и Улрике Флеминг,„Како си денес”, филм на Чиу Чих Хуа, „Детски птици за камера”, филмски проект на Давид Дауриер и Ерик Минх Куонг Кастаинг, „Легни ме долу” на Марлене Mилар, како и филмот на Фук Пак Џим, „Да речеме”.
Фестивалот продолжува во вторник претпладне, во Манастирот „Воведение на Пресвета Богородица” во Велјуса, каде со почеток во 11,30 часот ќе бидат одржани портрети и беседи за лауреатите.
За наградите ќе одлучува меѓународно жири во кое членуваат филмските автори: Наталја Алтхаузер од Германија, Елена Мелончели од Италија и Срѓан Финк од Холандија.

Comments are closed.

1