Село Муртино – струмички бисер кој вреди да се посети!

Муртино е третото по големина село во Струмичката котлина. Според преданијата и легендите, оваа населба потекнува од почетокот на турското владеење во Струмичката област. Селото со земјиштето било чифлиг на богатите бегови. Селаните – чифлигари најмногу го паметеле богатиот Ешереф – бег и при основањето на селото работеле на неговиот чифлиг. Денешно Муртино е подигнато на чифлигот на Ешереф-бег и затоа денес северозапоадниот дел од селото, односно Горно Маало, го викаат Чифликот.

murtino

За името на селото има неколку легенди. Една од нив кажува дека во дамнешно време, во селото живеел некој јак, силен маж со прекар Муртин. Османлиите, особено беговите, стравувале од него, а македонското население во него гледало заштитник од насилниците и натрапниците. Во знак на сеќавање на силниот и нестрашливиот Муртин, населбата била наречена Муртино.

Според едно друго преданије, пак, селото го добило своето име од машкото име Мурто, збор што на турски значи „нечисто, мочурливо место” полно со комарци кои ја носат болеста маларија.

th (4)

За селаните од Муртино се знае дека се горди на потеклото, чесни и патриоти. Затоа ветуваат дека селото нема да одумре и секогаш ќе има некој кој ќе ги пречекува гостите, па повелете и вие во оваа прекрасна рурална убавина.

Murtino.8

Comments are closed.

maski1