Диета 1200

Диета 1200 како што многумина ја нарекуваа се базира на одредена количина на калории кои што треба да се внесуваат во организмот. Со правилно комбинирање на храната 1200 калории е дневно препорачаната количина на калории кои што треба да се внесуваат во организмот. Со овој начин ќе се изгубат несаканите килограми и нема да имате негативни последици врз вашето здравје.

Голем број светски нутриционисти светат дека бројката од 1200 калории е основа за губење на тежината. За користење на оваа диета прво што треба да направите е да сте запознаени со калоричната вредност на храната. Во „Диета 1200“ нема пропишана храна која што треба Вие да ја внесувате, можете да користите секаква здрава храна, но најбитно е да внесувате свежа храна како зеленчук, риба, свежо овошје, посно месо, леќа и цели зрна.

fruitКако и секоја диета, така и оваа има некој свои предности и недостатоци.

Предности кај оваа диета е тоа што може да се чувствувате сити со доволно енергија. Можете да се прилагодувате според начинот на живот и исхрана како што е вегетиријанската исхрана или болести како дијабетисот.

Недостатоците кои што се јавуваат во оваа диета е тоа што доколку се држи долгорочно може кај некои луѓе да предизвика замор, недостаток на енергија намалување на апетитот. Напоменуваме дека не се препорачува на физички активните лица. Онаа што е како главен недостаток е откако ќе се вратиме во нормалниот режим на исхрана, постои веројатност тежината да се врати, затоа треба да бидете внимателни околу тоа.

detoxДоколку сакате да го изгубите вишетокот на килограми за краток временски рок тогаш диетата во која што ќе внесувате 1200 калории е вистинскиот избор за вас. Исто така ако сакате да ги задржите постигнатите резултати од „Диета 1200“, неопходно ќе биде да се променат начинот на живот и навиките во исхраната. Ви препорачуваме да одберете соодветна физичка активност, која ќе ви помогне во смалување на стресот.

автор: Александар Ванев

Comments are closed.

maski1