Гаро & Браќа Тавитјан ве канат на Струмица ОПЕН фестивал

На деветтиот ден од Струмица ОПЕН фестивал на големата бина на плоштадот ќе настапат македонските џез музичари Гаро и браќата Гаро Јуниор и Диран Тавитјан. post_GALIJA

По првите два успешни албуми со обработки на стари македонски песни легендарните музичари доаѓаат во Струмица да го пренесат 7/8 ритам. Македонските песни во нивен аранжман ги препејаа најголемите балкански музички имиња, а дел од нив ќе бидат и нивни специјални гости во Струмица.
Со Тавитјан на 11 август ќе настапат Сергеј Цетковиќ, Јелена Томашевиќ и Жељко Бебек. Пред струмичани, на фестивалот направен со љубов, ќе ги изведат уникатните џез-етно преработки на најпопуларните изворни песни.

Comments are closed.

maski1