Здружението Културен забавен живот и Здружението Новус во Дом на АРМ реализираа работилница за млади фотографи

Професионалниот фотограф Елена Фиданска на работилницата зборуваше за основните на фотографијата, деловите на апаратот и негови технички карактеристики како и за композиција. 

IMG_6260Оваа работилница беше едукативен дел од првиот конкурс за фотографирање во склоп на претстојното шесто издание на Струмица ОПЕН фестивал 2017. Конкурсот е во тек и ќе трае до 10 јули, а сите заинтересирани имаат можност да ги фотографираат највпечатливите обележја на градот и да аплицираат во 4 категории и тоа:

- Природни убавини (пр. голем и мал градски парк, Смоларски водопади, Колешински водопади, Габровски водопади)
- Модерна Струмица (пр. Глобал, плоштад „Гоце Делчев”)
- Историски знаменитости (пр. Споменици, Цареви кули, Манастири, Бања Банско)
- Стари градби (пр. Стара Чаршија, Стара турска пошта)

Фотографиите треба да бидат испратени на info@sof.mk (минимум за 1 категорија, максимум за 4 категории).IMG_6284

Comments are closed.

Capture