Академија Пандев и Скопје во Прва лига, Шкупи избори опстанок

Академија Пандев со 66 освоени бодови е Шампион во Втората лига и воедно директно се пласираше во Првата лига заедно со екипата на Скопје, која сезоната ја заврши на втората позиција со 54 освоени бодови.

Akademija Pandev - Turnovo 25.03.2017

Новаци како третопласирана екипа која имаше 45 бода го одигра бараж натпреварот со осмопласираниот Шкупи, кој имаше 37 освоени бодови во Првата лига.

Шкупи обезбеди опстанок во Првата лига, откако во двата натпревари од баражот победи. Во првиот натпревар со убедливи 4:1, но и во вториот со убедлив резултат од 3:1 со што оваа екипа останува во Првата лига, додека Новаци и во следната сезона ќе го следиме во рамките на Втората лига.

Колку за потсетување екипата на Македонија ЃП која сезоната ја заврши на десеттото место со 23 бодови, и Брегалница како деветтата со 24 бодови, од следната сезона ќе ги гледаме во рамките на Втората македонска фудбалска лига.

Струмица во новата сезона ќе има свој претставник во Првата македонска фудбалска лига по една година пауза, откако минатата сезона Хоризонт Турново го загуби баражот од Пелистер и го напушти „елитното друштво“.

 

Comments are closed.

Capture