Колку денес би чинела изградбата на пирамидите?

Дури и со дигалки, хеликоптери, трактори и останата машини со кои денес располагаме, Големата пирамида во Гиза би било скоро и невозможно да се изгради.

Градењето на Големата пирамида од пред 4500 години е толку многу мистична во очите на некои луѓе, што неможат да престанат да се занимаваат со проучување на нејзината изградба. Теоријата која тврди дека е градена од внатре кон надвор со помош на внатрешни спирали, засега е најточна.wielka_piramida_cheopsa02

Пирамидата на секоја страна е долга 756 метри, 481 метар висока и се состои од вкупно 2,3 милиони камења, тешки околу 3 тони. Легендата кажува дека е изградена за само 20 години, што значи дека секој камен блок морал да биде на свое место секои 5 минути и дење и ноќе.

Францускиот архитект Жан Пиер Хоудин, ја развил најновата и најможната теорија за внатрешната спирала додека тимот научници од институтот Лавал планира да направи инфрацрвена истрага со која би можело да се открие дали постои навистина спирална рампа внатре во Големата пирамида. Ако се докаже како точна, Хоудиновата теорија конечно ќе биде и потврдена.

„Сигурен сум дека денес би можеле да направиме исто“, изјавил Хоудин. Во денешното и тогашното градење би имало две главни разлики. „наместо луѓетода ги влечат камењата до спиралните рампи, денес тоа би го сторила машина со мотор, а за дигање на камењата би се корисела дигалка“. Врвот на пирамидата би можел да се доврши со кратка работа со хеликоптер.

Кога на сето тоа би додале и 1500 до 2000работници кои работат само 5 години, цената на градењето би изнесувала 5 милијарди долари!

Comments are closed.

maski1