Како селото Куклиш го добило своето име?

Струмичкото село Куклиш се наоѓа во подножјето на планината Беласица. Во пишаните документи прв пат се спомнува во 1519 година.

„КУКЛИ’’ СЕ КРИВИ ЗА ИМЕТО НА СЕЛОТО

Постојат легенди и преданија дека струмичкото село Куклиш своето име го добило според еден огранок на планината Беласица, наречен „Кукла’’, што се наоѓа над селото Свидовица.Но, постои уште една поживописна приказна за настанок на името.

Навремето под селото имало чаири кои навремено биле косени. Чифлигарите (обработувачи на имотот на беговите) сеното го собирале од чаирите и правеле купи дотерани како „кукли’’, кои некогаш достигале висина и до 10 метри.Кога беговите со своите жени (анамите) оделе на прошетка кај чифлиците, со задоволство ги гледале дотераните купи сено и им се восхитувале нареќувајќи ги „кукли’’.

Или, кога анамите би забележалее дека беговите се подготуваат да заминат некаде, ги прашувале?

- Каде ќе одите?

- Кај „куклите’’! – би одговориле беговите.

И така, според преданието, поради тие сено купи кои изгледале како „кукли’’ новонастаната населба го добила името Куклиш.

1

ЗОШТО КУКЛИШ БИЛ ДВА ПАТИ ПАЛЕН?

Кон крајот на 19 век во атарот на Куклиш крстареле комитите. Во селото навраќал и Гоце Делчев. Османлиите кога дознале за присуството на комитите (четата на војводата Крсто Новоселски) два пати ја запалиле населбата (во почетокот на февруари 1905 и во октомври 1912 година).

На почетокот на Првата балканска војна (1912) од градот Струмица селото Куклиш беше гранатиран од турската брдска артилерија при што се убиени 20 селани, а селото беше опожаерно.

Текстот е напишан по книгата „Имињата на населби во струмичко’’ од Костадин Кајдамов.

Comments are closed.

1