Костадинов: Последните три фестивалски вечери ќе бидат вистинска круна на овогодинешното издание на Струмица Опен фест

Вршителот на должноста градоначалник Костадин Костадинов, Јосиф Христов претседател на Советот на општина Струмица, Петар Божинов и Томи Печков од здружението „Културен забавен живот“, на денешната прес конференција во домот на АРМ, ја презентираа културно – уметничката, едукативната и музичката програма, значењето и поддршката од општина Струмица на шесттото по ред издание на Струмица опен фестивал кој годинава се одржува под мотото „Направено со љубов“ од 3 до 13 август. Презентирајќи ја музичката програма, Костадинов потенцираше дека последните три фестивалски вечери, ќе бидат вистинска круна на овогодинешното издание на Струмица Опен фест.

19366094_1328215557231871_4660935100099087855_n-На програмата годинава се најдоа 20 изведувачи од различни музички жанрови, кои верувам дека ќе ги задоволат вкусовите на повеќе генерации љубители на музиката. Па така, во петок на 11 август ќе настапат Гаро и браќа Тавитјан со специјалните гости од Балканот, популарните Сергеј Четковиќ, Жељко Бебек и Јелена Томашевиќ. Истата вечер ќе настапи и познатиот српски и екс–Ју бенд,Галија, а со електронска музика, точка на првата музичка вечер ќе стават Александар Галоски и Пата Пата рекордингс. Во сабота на 12 август ќе настапат, македонската поп пејачка Дани Димитровска, рок-составот Ван Гог и една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга. Во недела на 13 август на големата ОПЕН ФЕСТ- сцена, ќе ги видиме Нино Величковски, Queen Real Tribute, електронските дуа Disconnected и Cyrillic, а честа да го затвори фестивалот годинава му припадна на најпопуларниот балкански кантавтор Дино Мерлин со прв и ексклузивен концерт пред струмичката публика. Убеден сум дека последните три фестивалски вечери, ќе бидат вистинска круна на овогодинешното издание на Струмица Опен фест, рече Костадинов.19366192_1328215560565204_4683541675520040355_n

Претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, информираше дека годинашната поддршка на фестивалот изнесува три милиони денари.

-Општина Струмица продолжува во континуитет со финансиска поддршка на фестивалот, која годинава изнесува 3 милиони денари, со цел Струмица ОПЕН Фестивал и во годините кои следуваат да го оддржува и надградува воспоставеното ниво на квалитет, преку организирање на поголеми и побројни настани и обезбедување на настап на уште попознати музички ѕвезди. Фестивалот постои за граѓаните, но мора да се истакне тој постои благодарение на досегашната огромна поддршка од општина Струмица, општествено одговорните компании, љубителите на добрата забава, како и на поддржувачите на културата и уметноста. Апелираме и ги замолуваме граѓаните на Струмица во периодот на одржување на фестивалот, од 3 до 13 август, повторно да ја покажат и докажат својата препознатлива струмичка гостопримливост, да ги почитуваат правилата и мерките за претпазливост посочени од организаторот и да уживаат во богатата програма, рече Христов.

Според Петар Божинов, својата љубов и емоција годинава ќе ја пренесат 80 артисти, распоредени на 20 разновидни настани кои ќе се одржат на 5 отворени сцени, а Томи Печков потенцираше дека Струмица опен фестивал зад себе има околу еден милион посетители, 400 изведувачи и над 100 реализирани настани и годинава за прв пат ќе има специјални нешта направени со љубов.

Comments are closed.

maski1