Здружението НОВУС организираше тренинг за запознавање на младите со процесот на донесување на одлуки на локално ниво

Здружението НОВУС во рамките на проектот „Младите и младинските организации како партнер на општина Струмица“ организираше тренинг со цел да се зголеми улогата на младите  и младинските органзации како силен партнер на општината и да се зголеми учеството на младите во процесите на локално донесување на одлуките како дел од утврдените приоритети во Стратегија за млади на општина Струмица, особено во време на транзиција на државата, градење на демократијата и почитување на човековите права и во таа насока влијанието на младите врз демократските и политичките процеси. Тренингот беше фасилитиран од Александра Живковиќ од Младински образовен форум (МОФ).19263784_10213636097794410_1527513233_o

Покрај ова, на овој тренинг се разгледуваа и модели на формирање на младински советодавни тела чија цел ќе биде штитење на правата на младите и општествена инклузија на младите во сите сфери на општественото живеење.

Comments are closed.

maski1