Здружението НОВУС ќе имплементира проект за транспарентност и отчетност на институциите во ЈИПР

Здружението НОВУС во наредните 6 месеци ќе имплементира проект преку преку кој ќе се прибираат и обработуваат информации од јавен карактер, како основа за транспарентност и отчетност на институциите од 10 oпштини од Југоисточен плански регион.

ЛогоПреку овие информации, кои ќе ги опфаќаат областите економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина ќе се креираат истражувачки медиумски содржини со цел зголемување на информираноста на граѓаните и јавноста, но и создавање на база на отворени податоци за поддршка за создавање на ресурси.

Примарни целни групи при имплементирање на проектот се: граѓаните, новинарите, граѓанските организаци и локалните/регионалните медиуми, а секундарни целни групи се: локални и јавни институции и административците.

Проектот е поддржан од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со НВО Инфоцентар и БИРН Македонија во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014.

Comments are closed.

maski1