Во последните два месеца решени се 193 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

До општинскиот сервис „Систем 48“ во последните два месеца биле доставени вкупно 215 пријави, од кои решени и одговорени се 193 пријави. Останатите 22 пријави се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 112, од областа на собирање смет 30, водовод и канализација 40, паркови и зеленило 28,  улици, патишта и тротоари 2 пријави, исто толку за општински инспекциски служби и една пријава за контакт оператор.sistem4-3

Од општинскиот сервис „Систем 48“ има се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и користењето на неговите услуги и истовремено апелираат за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат општинските служби во предвидениот рок да интервенираат и да ги решаваат пријавените проблеми.

Comments are closed.

maski1