Под покровителство на општина Струмица ќе се одржи четвртиот ЈОЈО фестивал на детски песни

На 21 јуни со почеток во 20 часот во центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи четвртиот по ред ЈОЈО фестивал на детски песни. Вкупно 14 распеани дечиња од Струмица, а годинава за првпат и од Скопје и Гевгелија преку 14 новокомпонирани песни ќе пеат за музиката, љубовта, модата, слатките, принцезите, летото, децата, за Струмица.19105528_1322595307793896_178817727936755316_n
На фестивалот му претходеа аудиции кои што се одржаа во сите општински основни училишта во периодот од февруари до крајот на месец април 2017 годинава. На аудициите беа пријавени повеќе од 500 дечиња, од кои 40 беа избрани за финалисти.
Фестивалот се одржува под покровителство на општина Струмица, а влезот е слободен.

Comments are closed.

maski1