Општина Струмица продолжува со успешно унапредување на политиките за родовата рамноправност

Струмица е меѓу првите општини во Република Македонија која што започна со унапредување на условите за родова рамноправност и ефективно го спроведува правото на еднаквост на жените и мажите во локалните политики. Како силен поддржувач на политиката на родова рамноправност, претставник од општина Струмица, вчера, учествува на конференцијата „Неплатена работа, родова нееднаквост и ветувањето на економијата на грижа и нега“ која што се одржува во Скопје, а во организација на УНДП.

19148893_1323577444362349_4493045333808902226_nКонференцијата ја отвори претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, кој рече: „Родовата еднаквост не е само женско прашање, тоа сериозно влијае на развојот на општеството, и претставува системско прашање на Владата која јас ја водам. Се надевам тоа ќе биде доволен импулс за суштински да ги смениме проблемите од оваа природа. Сакам да најавам дека новата Влада почнува да ја менува оваа реалност. Нема да е брзо и лесно.Тоа ќе го постигнеме на тој начин што државата ќе биде партнер на семејствата“.19149058_1323577441029016_3822111201810410425_n

За родовата рамноправност зборуваше и Лујза Витон, постојан координатор на ОН во Македонија.
На конференцијата, искуството од успешната реализација на проектот „Лични асистенти на деца со посебни потреби вклучени во редовниот образовен процес“ имплементиран од општина Струмица во партнерство со УНДП, ќе го презентира Светлана Мазгалоска Вучетиќ, родител на дете со посебни потреби кое имаше личен асистент во редовниот образовен процес.
На конференцијата ќе бидат презентирани и резултатите од новото истражување за стапките на учество во работната сила и родовите јазови во однос на заработувањето, а ќе бидат презентирани успешни примери преку кои ќе се поттикнуваат политики на подобрување на условите во оваа област.

Comments are closed.

1