Интензивно се гради кружниот тек кај Жито Струмица

Градежните работи за изградба на кружниот тек на крстосницата на булеварите „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“ кај Жито Струмица, а кои започнаа во неделата, се во полн ек. 19059251_1323765544343539_7830518452904435462_nНа ова ново сообраќајно решение во овој дел на градот се работи интензивно за побрзо надминување на проблемите со кои се соочуваат учесниците во сообраќајот. Општина Струмица апелира до граѓаните и сите учесници во сообраќајот, да го почитуваат временскиот режим за сообраќај на крстосницата додека траат градежните работи и им се заблагодарува за разбирањето и трпението кое што го покажаа во изминатиот период. Кружниот тек значително ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот затоа што оваа крстосница е една од најфреквентните во градот.

Comments are closed.

1