Колку струмичани сакат да се ценкат при купување?

Во изворното значење, ценкањето се однесува на социо-културниот модел на друштвата кои имаат желба да се постигне позитивна атмосфера, ја наметнува потребата за спогодба и забавен начин на купување.

10941031_backЦенкањето или погодувањата околу цените на нештата помеѓу купувачот и продавачот, ако се суди спрема одговорите, доста е присутно помеѓу струмичани. Голем дел од граѓаните ја користат секоја прилика да добијат попуст на робата, а главна ,,мета’’ воглавно се пазарите и продавниците за гардероба, но некои среќата си ја пробуваат и во продавниците за санитарија, мебел, техника…

Струмичанката Марија М. кажува дека ужива во ценкањето бидејќи тоа за неа е еден вид на релаксација:

-Обожавам да ги убедувам продавачите да ми ја намалат цената кога купувам на пазар. Тоа е забава за мене, но и за нив, па секогаш се смееме.  Еве, баш сега  за викендот, купував круши од еден човек и го убедувам дека му е висока цената, малку да намали. А тој не попушта и кога виде дека сеуште сум упорна, ми рече ,,Госпоѓо, крушите Ви се скапи, а тој кармин што го имате на вашите усни, не Ви е скап’’. Јас се насмеав и одговорив ,,Јас еден кармин го купувам за 50 денари и го користим три месеци, а твоите крушки ако ги купам сега, до вечер ќе ги нема’’ – објаснува низ смеење Мара и додава:

-Каде и да можам користам тактика да добијам попуст. Но, нема секаде простор за тоа. Неможам, на пример, во отмена продавница да кажам на продавачите дека на пазарот ,,Чешел’’ истата мајца е поефтина и да барам пониска цена, не оди тоа така.cce48930-d2bd-40b2-bc9a-7f7b719bd4c2-denari-1_011110

Сања В. од другата страна не е тип која сака да се ценка.

-Ретко кога го правам тоа, секогаш се осеќам лошо бидејќи мислам дека на тој начин ќе го навредам продавачот или ќе ја потценам робата. Ако баш проценам дека има простор за тоа тогаш прашувам, инаку не се осудувам. Тоа е се до човекот, но јас не сум таков тип на личност.

Горан Ц. од Струмица кажува дека не е срамота денеска некој да се ценка, а за себе смета дека е успешен во ,,играта’’ на надмудрување со продавачите и дава совет како да успеете во тоа.

-Правилото е никогаш да не покажеш дека нешто ти се допаѓа во продавницата тоа што го купуваш. Ако пред нив си воодушевен со робата која ја нудат, знај дека сигурно нема да добиеш попуст. Кога ќе му покажеш дека нешто ти се допаѓа баш, паѓаш во своја замка. Секогаш прави се незаинтересиран и преку разговор наметни дека истата роба ја имаш видено на друго место по пониска цена од неговата.

Јас се ценкам секогаш и секаде каде можам, бидејќи сакам повеќе од парите да останат кај мене. И не треба да биде срамота на никој да се ценка. На крај, денешните цени на сите производи се нереално високи. Каде можеш, пробај да го ,,надмудриш продавачот’’ бидејќи помалку срамно е да се ценкаш, отколку да претплатиш нешто.’’ – одлучно одговара Горан.

Comments are closed.

maski1