Струмичанец се обидел да размени ,,фалц” евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.И.(53) од Струмица за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. Lot-of-emНа 03.06.2017 година, пријавениот на бул. „Маршал Тито“, во Струмица каде стојат разменувачи на девизи побарал од лице да му размени три банкноти во апоени од по 50 евра во денари, за што лицето му дал 9200 денари. Во тој момент оштетениот забележал дека трите банкноти во апоени од по 50 Евра се разликуваат од оригиналните банкноти по квалитет и изглед и се со ист сериски број,  при што случајот го пријавил во полиција, а при извршен  претрес во домот на пријавениот, се пронајдени уште девет банкноти во апоени од по 50 Евра со ист сериски број како и претходните.

Comments are closed.

Capture